ЗА ИСКОН РЕШЕНИЈА
Искон Решенија е компанија чија основна дејност е имплементација и одржување на деловни решенија, со главен фокус во доменот на Microsoft Dynamics софтверските платформи и Office 365 алатките за продуктивност. Идејата на која се темели нашата работа е подобрување на функционирањето на компаниите кои се наши клиенти во областа на планирањето и управувањето со сопствените ресурси, релациите со купувачите и контактите, како и зголемување на продуктивноста преку дигитална трансформација.
Основните вредности на нашата компанија се силната посветеност на разбирање на потребите на клиентот, темелната анализа и креативен дизајн и беспрекорниот однос како основа за соработка на долги патеки.
Искон Решенија е директен Microsoft партнер со компетентност за продажба и имплементација на Dynamics NAV со тим кој повеќе од 10 години успешно ја гради Dynamics заедницата во регионот.
10+
Најголем и најискусен тим на Dynamics NAV консултанти
30+
Најголем број имплементации
во Македонија
200+
Најголем пакет локализациски
функционалности
BUSINESS CENTRAL
Microsoft Dynamics 365 Business Central претставува сеопфатно ERP решение кое го поврзува целокупното работење во единствен интегриран систем. Се одликува со брзо воведување и прилагодување на потребите на компаниите, ефикасно поврзување со останатите информациони системи и едноставна употреба. Се употребува во над 120,000 компании ширум светот.
Microsoft Dynamics 365 Business Central е визуелно и функционално поврзан со оперативниот систем Microsoft Windows и со работната алатка Microsoft Office.
Microsoft Dynamics 365 Business Central ја намалува вредноста на инвестициите и ги зголемува позитивните ефекти во работењето. Предност на ова решение е тоа што покрај сегашното работење, претставува сигурен темел и за идни промени, раст и интернационализација на деловното работење на компаниите.
Функционалности кои ги опфаќа Business Central
ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
НАБАВКИ
ПРОДАЖБА
И МАРКЕТИНГ
ВОДЕЊЕ НА ПРОЕКТИ
УСЛУЖНИ
ДЕЈНОСТИ
ПРОИЗВОДСТВО
ЧОВЕЧКИ
РЕСУРСИ
УСПЕШНИ ИМПЛЕМЕНТАЦИИ
Деловни модели
Дистрибуција
Производство
Услуги
Малопродажба
Индустрии
Стока за широка потрошувачка (FMCG)
Болничко работење и фармација
Јавни институции
Невладини институции
Tекстил
Информациска технологија
Опрема за заварување, професионални машини и алат
Хидраулика
Игри на среќа
Рударство
Методологија која ја користиме при имплементација на проектите е Microsoft Dynamics Sure Step, прилагодена зависно од проектот, ресурсите на клиентот, обемот и трендот на барањата.