Искон Решенија се здоби со Silver Small and Midmarket Cloud Solutions компетенција
Искон Решенија, водечкиот имплементатор на Microsoft Dynamics ERP решенија во Македонија, се здоби со Silver Small and Midmarket Cloud Solutions компетенција, со што уште еднаш ги демонстрира своите капацитети за поддршка на компаниите во нивната дигитална трансформација и користење на новите технологии за зголемена продуктивност.
За здобивање со ваква компетенција, како Microsoft партнер, Искон Решенија покажа експертиза и референци кои ја покажуваат успешната имплементација и корисничко задоволство.
Со Small and Midmarket Cloud Solutions компетенцијата на клиентите им се поедноставува процесот на избор на квалитетен Microsoft партнер кој продава и имплементира Microsoft Office 365 cloud и хибридни решенија правејќи дистинкција помеѓу искусните професионалци и останатите.