Skip Navigation LinksAbout-us

                                                                                                                                     3kinaStrana_Reklama-01.png

kvadrat.png ERP Им​плементација, одржување и поддршка

Microsoft Dynamics NAV


Microsoft Dynamics NAV претставува сеопфатно ЕРП решение кое го поврзува целокупното работење во единствен интегриран систем. Се одликува со брзо воведување и прилагодување на потребите на компаниите, ефикасно поврзување со останатите информациони системи и едноставна употреба. Се употребува во над 100,000 компании ширум светот. Microsoft Dynamics NAV е визуелно и функционално поврзан со оперативниот систем Microsoft Windows и со работната алатка Microsoft Office. Ги опфаќа следните функционални области: финансиско работење, производство и набавки, продажба и маркетинг, човечки ресурси, водење на проекти и услужни дејности.

Microsoft Dynamics NAV ја намалува вредноста на инвестициите  и ги зголемува позитивните ефекти во работењето. Предност на ова решение е тоа што покрај сегашното работење, претставува сигурен темел и за идни промени, раст и интернационализација на деловното работење на компаниите.

Дел од процесот на имплементација е и собирањето и структурирањето на податоци од трети системи и нивно прилагодување за внес во NAV.

Методологија која ја користиме при имплементација на проектите е Microsoft Dynamics Sure Step, прилагодена зависно од проектот, ресурсите на клиентот, обемот и трендот на барањата.

За потребите на македонскиот пазар NAV е потполно локализиран и нуди сигурна поддршка во деловното работење.  

kvadrat.pngOutsourcing и надградба

Дел од тимот на Искон Решенија успешно работи на outsourcing задачи. 

Во портфолиото на Искон Решенија е и надградба од постари на понови верзии на NAV системи.     

Повеќе информации на info@iskon.mk